ЛОЗОВО 

Срцето на „Медена земја“

Рустикалното село Бекирлија преку Холивуд го освои целиот свет. Овде е родена Атиџе од филмот „Медена земја“. Овде и во селото Дорфулија во Лозово, каде што Атиџе живее, сè уште деновите се исполнети со неуморниот разговор со дивите пчели и онаа исконска љубов помеѓу жената и пчелите што го освои светот. Земјениот пат кој води до срцето на медената земја минува низ дел од борова шума, која изобилува со лековити тревки и шумски плодови (малини, капини, печурки). Ова е вистинско место за лов, прошетки и истражување. Овде, локалното население ќе Ве пречека со органски мед, домашно кисело млеко и сирење. Локацијата беше случајно откриена и од авторите на документарниот филм „Медена земја“, режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, кинематограферите Самир Љума и Фејми Даут и продуцентот и монтажер Атанас Георгиев, кои ја одбраа животната приказна на Атиџе и специфичните предели на с. Бекирлија за да го снимат документарецот. Филмот  доби бројни награди и номинации на филмски фестивали, вклучувајќи три награди на филмскиот фестивал „Санденс“ во 2019 година и две номинации на 92-то доделување на Оскарите во категориите за најдобар интернационален филм и најдобар документарен филм. Верувале или не, срцето на медената земја е овде за Вас. Токму овде Ве чека најубавиот и најприродниот мед на светот, загадочната насмевка на Атиџе и песната на дивите пчели. 

Atidze 1
bee-flower-1
pcela 5
Атиџе
Лозово 2
Лозово3
Пчели
сл274
Цвеќе Градско
previous arrow
next arrow



Accessibility