ЧАШКА

Вкусот на недопрената природа 

Во срцето на македонската земја, онаму каде под карпите се кријат древни води со беспрекорна чистота, ќе го најдете раскошот на недопрената природа. Од цветните ливади, опојни од мирисот на лековитите растенија и игрите на пчелите, до мистериозниот свет на пештерите и спокојот на планинските врвови – Чашка е скриено богатство на природата.

Од народните преданија за Богомилите – предците на Катарите, римските и отоманските мостови и патишта, до црквите на мијачките мајстори, градители и зографи, Чашка е свет преполн со древна историја и природни убавини. Домот на древната окарина, глинениот инструмент стар 6000 години, е толку тајновито убав, што со векови се преоткрива себе си и љубезно ги отвора своите мистерии за планинарите, велосипедистите, авантуристите, љубителите на пештерите, шумските патеки, планинските плодови и органската храна. Рустикалните села Богомила, Теово, Папрадиште, Нежилово, рибниците, реките гушнати од сонце и шума, планини и водопади, старата добра пита испечена на жар… Убавина, спокој, доживување… едноставно Чашка!

AVANTURI SUMA CASKA - Copy
Babuna 1 Caska - Copy
created by dji camera
created by dji camera
okarina 1
paprat planina
Planina
created by dji camera
VODOPAD BABUNA
previous arrow
next arrow



Accessibility