ГРАДСКО

Светот на древните приказни 

На средина од македонскиот вински пат, притаен помеѓу реките Вардар и Црна се издига древниот град Стоби. За прв пат споменат од Тит Ливиј (59 г. п.н.е – 17 г. н.е), овој волшебен град во непосредна близина на Градско, секоја година носи нови изненадувања, открива нови тајни. Стоби е вистинско доживување за сите љубители на древните археолошки наоѓалишта и историски мистерии. Од античкиот театар, до средновековните базилики, од гравурите во каменот до раскошните мозаици, Стоби раскажува на свој јазик за древните времиња од хеленистичкиот, римскиот, словенскиот период. Патот на Свети Павле, ранохристијанските базилики, остатоците од градскиот живот – Стоби е нераскажана и секогаш привлечна македонска приказна. Ако патот Ве нанесе тука, каде што се спојуваат небото и каменот, во тишината ќе ја најдете песната на градот од минатото, сите негови херои, сите победи и порази. Во непосредна близина на градот, овие вечни приказни можете да ги најдете во аромата на автохтоните сорти грозје и виното на винаријата „Стоби“, уште една гордост на македонскиот вински пат. Ова е патот на кој древните приказни се преточени во одблесокот на виното и медот. 

800px-Stobi_Mosaik-560x420
manastir-gradsko-2
opstina-gradsko-galerija-92
Stobi_theater-1
stobi-5
Винарија Стоби
DCIM100MEDIADJI_0049.JPG
Езеро Подлес
Стоби 2
Стоби 5
стоби 6
СТОБИ 9
Стоби турист
Стоби
previous arrow
next arrow




Accessibility