КАВАДАРЦИ 

Во виното е убавината 

Создадено од легендите, опеано во песните, возвишено во вкусот, изнедрено од вековните традиции, македонската сончевина и дарежливата земја, македонското вино има свој малечок свет. Кавадарци е македонската престолнина на виното, место каде се вкрстуваат автентични вкусови, раскошни букеа и ароми што го освојуваат срцето. Моќни како автохтоната сорта „Вранец“ што буквално значи „моќен црн коњ“, мистериозни како уникатното автохтоно грозје „Станушина“, не случајно вината од оваа област ги освојуваат златните медали во Европа и во светот. Од грандиозниот барик во најстарата македонска винарија „Тиквеш“, создадена во 1885 година и препознатлива на сите светски континенти, до малечките семејни винарии „Пешков“, „Јаковлев“ „Попови“ и многу други, виното е крвотокот на Кавадарци. Ова е свет што можете да го вкусите, да го истражувате, да го доживеете како автентичен пат во земјата каде виното ги опева сите приказни, сиот живот. Квадарци и Тиквешијата се вашите неоткриени приказни на патот каде убавината е сокриена во комплексноста и едноставноста на виното. 

Arheologija_01
Kavadarci 1
Kavadarci 2
Kavadarci 2
Kavadarci 3
Kavadarci 4
Lozja i Velosipedi
planina
Tikves Vinarija
Vinarija Peskov Kavadarci
Vino zdravica
Кавадарци
previous arrow
next arrow




Accessibility