РОСОМАН
Природа, здравје, традицијаМакедонскиот пат на виното и медот води до еден малечок пазар со големо срце. Овде сè е направено од природата за природата, сè е чисто, органско и подготвено со многу љубов. Од зрелите праски, насмеаното грозје, теглите со традиционален македонски ајвар и лутеница, до раскошните вкусови на медот, слаткото од смокви, кајсии, капини… Органскиот пазар во Росоман е вистинското место за секој љубител на автентични вкусови и органска храна. Во овие тегли, наредени пред насмевките на љубезните домаќинки, ќе ги вкусите гушнати потоците и дрвјата, планините и езерата, љубовта и спокојот. Ова се вкусови што не се забораваат, што се памтат како допир со вистинската природа. Околу малиот пазар што Ве чека со големо срце, ќе ги најдете рибарските езерца, малите автентични винарии „Лазар“, „Мовино“, „Гоце Делчев“.
Овде е Вашиот момент да здивнете на патот на виното и медот, да вкусите, да доживеете и да се сеќавате на вашиот вистински допир со природата.